Најмодерна техника: Сребрени и сјајни велигденски јајца (ВИДЕО)
Еден од најголемите христијански празници Велигден е се поблизу, домаќинки секојдневно разгледуваат разни идеи и размислуваат како да украсат јајца оваа година
Во желбата тие да бидат што поубави, тие прибегнуваат кон разни трикови и начини за украсување на велигденските јајца.
Металик јајцата се едни од најпопуларните техники во последните неколку години, изгледаат многу рафинирано и елегантно, а еве како ќе можете да ги направите во вашиот дом.
Потребно е:
- варено јајце
- алуминиумска фолија
- белка од јајце
- природен лепак
Подготовка:
Варете ги јајцата и оставете да се изладат, а потоа исечете ја алуминиумската фолија. Изматете ја белката од јајце или лепак, а потоа премачкајте ги сварените јајца и залепете ја фолијата на него.Оставете јајцата да се исуши, а потоа доколку сакате може со хариена салфетка да нанесете малку црна акрилна боја па избришете ги јајцата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа