Најголемиот рудник за цинк во Европа го прекинува производството, 650 вработени добија отказ

 

 

Шведската рударска компанија „Болиден“ најави дека ќе го прекине производството во рудникот за цинк во Ирска поради финансиски проблеми предизвикани од падот на цените на металот и високите трошоци.

Вчера, шведската рударска компанија објави прекин на работата во рудникот „Тара“, без да прецизира кога би можело да продолжи екстракцијата на цинк. „Активно работиме на продолжување на работниот век на рудникот, притоа задржувајќи ја неговата конкурентност“, додаваат тие.

„Финансискиот тек во моментот е негативен поради комбинација на фактори, вклучувајќи деловни предизвици, пад на цените на цинкот, високите цени на енергијата и општиот раст на трошоците“, соопшти „Болиден“.

Од таму додаваат дека ќе го прекинат производството и привремено ќе отпуштат работници додека не се подобрат условите за работа.

Генералниот директор на рудникот, Гунар Нистром, рече дека компанијата е свесна за влијанието на одлуката врз вработените во областа Наван.

Рудникот „Тара“ има речиси 650 вработени и е најголемиот рудник за цинк во Европа и осми во светот. Произведува 200.000 тони концентрат на цинк и 40.000 тони концентрат на олово.

Цинкот се користи комерцијално за третирање железо и челик за заштита од корозија.

14.06.2023 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега