Најголемиот брод за крстарење во светот ќе заплови во 2024 година
Најголемиот брод за крстарење во светот, кој е пет пати поголем од легендарниот Титаник, е во завршна фаза на подготовка и ќе исплови следната година.
Наречен Icon of the Seas, нарачан од Royal Caribbean International, крузерот официјално ќе исплови во јануари 2024 година во Мајами.
Овој фантастичен брод е резултат на седумгодишна работа и 900 дена проектирање и изградба, а во овој процес учествуваа илјадници експерти.
Icon of the Seas ќе биде најголемиот патнички брод за крстарење некогаш изграден, со 18 патнички палуби, седум базени, повеќе од 40 ресторани и барови. Неговиот капацитет е 5.610 гости и може да се пофали со значителна бруто-тонажа од 250.800 тони. Вкупната должина на бродот за крстарење е 365 метри.
Луксузното одморалиште всушност се состои од осум уникатни „населби“ кои нудат препознатливи искуства, можности за забава и јадење. Соборувајќи рекорди, овие населби внесуваат неколку новитети. Островот Thrill го има најголемиот воден парк на еден брод за крстарење, првиот тобоган на отворено море со слободен пад, како и највисокиот тобоган во индустријата.
Chill Island нуди базени со поглед на океанот и коктел барови, додека The Hideaway го има првиот „бесконечен“ базен на море. Овој простор е опкружен со тераса на повеќе нивоа наменета за сончање, има када за хидромасажа, како и шанк. Останатите одморалишта вклучуваат Surfside и Aqadome, кој има свој AquaTheater.
Овој брод за крстарење може да користи течен природен гас (LNG) и интегрира различни мерки за енергетска ефикасност и врвни еколошки програми, вклучително и постројка од отпад до енергија на море.
Крузерот е енергетски поефикасен за 34 проценти од денешните стандардни. Цената на крстарење по лице се движи од 1.800 до речиси 2.200 долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа