Муцунски: Ќе се проверува работењето на дипломатско-конзуларните претставништва
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, најави дека во наредниот период ќе се проверуваат сомнежите за евентуални пропусти и незаконско работење на дипломатско-конзуларните претставништва.
– Следниот период во рамки на Министерството за надворешни работи, низ транспарентна и законска процедура, ќе бидат преземени сите неопходни чекори за утврдување на евентуални пропусти и грешки во работењето на дипломатско-конзуларните претставништва, примарно во оние каде постојат сериозни сомнежи за несоодветно постапување, надвор од законските и подзаконските акти, а со крајна цел транспарентно работење и заштита на угледот на државата, изјави Муцунски за МТВ во Вашингтон каде што престојува заедно со владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, по повод 75 годишнината од основањето на НАТО.
Во однос на проширувањето на Министерството за надворешни работи со ресорот надворешна трговија, шефот на дипломатијата вели дека е потребен поинаков фокус во надворешната политика.
- Активностите за заштита и промоција на политичките интереси треба да биде продлабочена со еден концепт што е многу повеќе од економската дипломатија. Промовирање на извозот, но исто така и промовирање на државата како добра локација за нови директни инвестиции ќе биде голем предизвик, со кој можеме да се справиме за да ја направиме државата поубаво место за живеење, истакнна Муцунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа