Мотоциклист од Валандово изгубил контрола и удрил во паркирано возило - со тешки повреди пренесен во болница


Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А1, на делницата од с.Марвинци кон с.Удово, атар на село Марвинци, валандовско, С.К.(44) од село Удово, валандовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

10.09.2024 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега