Министерство за правда: Заштедивме 25% електрична енергија во октомври
Министерството за правда, следејќи ги препораките на Владата за намалување на потрошувачката за електрична и топлинска енергија има направено заштеда од 25% електрична енергија во месец октомври споредено со истиот месец минатата година.
Со цел рационално користење и штедење на електрична енергија, Министерството за правда даде препораки до сите вработени да ги почитуваат мерките , да бидат внимателни и да ги зголемат напорите за штедење во периодот што следува.Стабилниот енергетски систем е потреба за сите нас. Реагенсите мора да да ги користиме рационално и да бидеме солидарни.Секоја заштеда, колку и да е минимална е важна за сите.
Енергетската ефикасност ,односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијата на претпријатијата, но и огромни заштеди на државниот буџет од кој понатаму се одвојуваат средствата за субвенционирање.Министерството за правда и во наредниот период ќе презема мерки за да се подобри состојбата со штедење на електрична енергија во институцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа