Министерство за одбрана на Романија: Руска ракета влезе во воздушниот простор на Молдавија
Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека утринава руска ракета истрелана од брод во близина на Крим влегла во воздушниот простор на Молдавија пред да ја погоди Украина.
Најкраткото растојание меѓу проектилот и државната граница на оваа земја било во еден момент 35 километри, се додава во соопштението.
Министерството за одбрана на Молдавија потврди дека ракетата утринава влегла во воздушниот простор на земјата, без да прецизира дали станува збор за руска ракета која, според украинските власти, прелетала над романска и молдавска територија.
Киев претходно соопшти дека две руски ракети денеска прелетале во воздушниот простор на Романија и Молдавија пред да паднат во Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа