Министерот Азир Алиу бил отсутен деновиве, затоа нема намалување на функционерските плати, вели Битиќи

 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, до крајот на неделава очекува да биде готово предлог- решението што треба да ги намали платите на функционерите. Објасни дека предлогот сѐ уште не е готов оти не бил тука министерот за информатичко општество.

„Предлогот сè уште не е готов, министерот за информатичко општество не беше во државата овие денови. Мислам дека неделава ќе се состанеме пак за конечно да дадеме предлог. Мислам дека ќе мора да има одредено решение до крајот на ноември затоа што, секако, ќе изискува законски измени, кои понатаму треба да поминат во Собранието“, рече вицепремиерот Битиќи.

Минатата недела, пак, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, рече дека решение за намалување на платите на функционерите ќе се избере до крајот на годината.

Пари за зголемените функционерски плати не се испланирани во буџетот за 2024 година, кој изнесува 5,5 милијарди денари.

20.11.2023 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега