Минав низ пекол – 85-годишната жена која беше ослободена од Хамас раскажа за деновите минати во заложништво

 

„Минав низ пекол“, со  наведната глава, раскажува 85-годишната Јошевид Лифшиц, која синоќа беше ослободена од рацете на милитантите на Хамас.

Иако свесна, сепак нејзиниот тивок глас, е доказ дека оваа стара жена се уште е во шок, откако била киднапирана од нејзиниот кибуц во Израел.

Помагајќи во наративот на нејзината мајка, нејзината ќерка Шарон – која утрово пристигна во Тел Авив од Лондон – рече дека Лифшиц и нејзините пријатели заробеници биле удрени со стапови, пред да ги качат на мотор и одведени во подземните тунели управувани од Хамас. Старата жена овие тунели ги спореди со „пајакова мрежа“.

Шарон рече дека по пристигнувањето во Газа, киднаперите на нејзината мајка рекле дека „веруваат во Куранот“ и затоа нема да ја повредат.

Самата Лифшиц  ги опиша чистите услови и чуварите кои се грижеле за „секој детал“. Тие биле хранети со бело сирење и краставица, а истата храна ја јаделе и милитантите. На снимката на која се гледа како ги ослободуваат, Лишфиц се врти и се поздравува со еден од милитантите, облечен во црна воена облека, со маска на главата, кој потоа ја предава на посредниците.

Јошевед Лифшиц и Нурит Купер од израелскиот кибуц Нир Оз се вториот пар кој Хамас ги ослободи. Жените, заедно со нивните сопрузи, беа грабнати од нивните домови во Нир Оз за време на дивеењето на Хамас во јужните израелски заедници. Информацијата за нивните сопрузи пак е дека тие и понатаму остануваат во рацете на Хамас.

Последното ослободување на заложници, не значи дека хамас одеднаш станале хуманитарци, смета Израел.

-Овие луѓе не се хуманитарци, тие се крволочни убијци. И ако ослободуваат луѓе, тоа е бидејќи тие се принудени да го сторат тоа поради притисокот што го вршиме врз нив. И како што тој притисок се зголемува, верувам дека ќе извлечете повеќе луѓе, изјави вишиот советник Марк Регев.

Во рацете на Хамас остануваат уште 200-те заложници кои Израел бара да им се вратат.

24.10.2023 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега