Милтон зад себе остави најмалку 10 жртви

 

Најмалку 10 луѓе загинаа кога ураганот Милтон ја погоди јужната американска држава Флорида, изјави денеска висок владин претставник.

„Имаме извештаи дека најмалку 10 лица ги загубиле животите како последица на ураганот Милтон“, изјави секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

Ураганот Милтон денеска навлезе во Атлантскиот Океан откако ја погоди катастрофално американската сојузна држава Флорида,  предизвика прекин на струја за повеќе од 3,4 милиони потрошувачи и предизвика сто и педесет торнада, јавија американските медиуми.

10.10.2024 - 20:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега