Милошоски: Нема да бидам министер
Законот за реформа на органите на државната управа, прв во собраниска процедура.
„Ќе има реорганизација на повеќе министерства. Некои ќе добијат нови надлежности, други ќе се спојат со агенции, а ќе се формираат одредени нови министерства како министерство за спорт и министерство за енергетика. И да добиеме 2/3 мнозинство поддршка за овој закон, затоа што од пратеници поединци кои припаѓаат на партиите кои не освоија мнозинство на изборите има сигнали дека би биле расположени да дадат поддршка за една ваква реформа на органите на државната управа“, порача Антонио Милошоски.
Пратеникот Антонио Милошоски не се гледа меѓу идните министри.
„Јас како политичар, но и како родител имам доволно обврски и во Собранието и во семејството и за да можам да одговорам доволно добро и на политичките и на родителските обврски најдобро би било за мене и тоа го разговаравме со колегите во извршниот комитет, да продолжам да бидам активен во Собранието“, порача Антонио Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа