Мицкоски: Ветив работа за народот и тоа го остваруваме, нови 630 вработувања со инвестицијата од Алказар енерџи

 

 

Претседателот на Влада на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на странската инвестиција на Alcazar Energy Partners, водечкиот инвеститор во обновливи извори на енергија во пазари во развој, која го објави почетокот на активности за најголемиот парк на ветерници во државата со капацитет до 400MW.   

Од македонскиот ветер, инвестиција во енергетиката за повеќе пари во македонскиот буџет, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Ветив работа за народот, и тоа го остваруваме, нагласи Мицкоски.

„Денес објава на инвестиција од Алказар енерџи, oд околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македонија.

-струја за 100 000 македонски домаќинства од овие ветерници.

-55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови

-приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава.

- нови 630 вработувања.

-најголемата инвестиција во сегментот на парк со ветерници.

Инвестиции за подобар животен стандард“, потенцираше Мицкоски.

 

Имено Alcazar Energy е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој.

25.06.2024 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега