Мицкоски: Немам намера да манифестирам сила, моќ и реваншизам - имаме јасен план за реформи во правосудството

 

„Ниту како човек, ниту како универзитетски професор, ниту како политичар нема да дозволам од тоа да правам естрада. “

Премиерот Христијан Мицкоски одговори на критиките зошто сѐ уште нема апсења за крупен криминал и корупција. Во обраќањето на 100 дена нова Влада премиерот кажа дека еднаш за секогаш мора да се престане со реваншизам.

-Ниту како човек, ниту како универзитетски професор, ниту како политичар нема да дозволам од тоа да правам естрада. Ниту имаме намера како човек преку својата позиција и злоуботреба на институцијата кои се дел од македонската Влада да манифестирам сила, моќ и реваншизам. Тоа никогаш нема да се случи затоа што еднашка мора засекогаш да престане тој начин на однесување. Човечки е да се простува, но потребно е криминалот и корупцијата да бидат казнети. Но има институции кадешто се водат тие процеси, има Закон, има Устав пред кои тие што сториле криминал треба да одговараат, рече Мицкоски. 

Премиерот побара трпение од граѓаните и обвини и дека во моментот државата има партиски опструиран и заробен заробен правосуден систем.

-Ве молам да бидете трпеливи. Процесот е тежок бидејќи имаме партиски опструирано и работено Обвинителство и судство. И тоа не мислам за сите обвинители и судии. Зборувам за една мала група на обвинители и судии коишто се партиски послушници кои го контаминираат нашиот правосуден систем. И затоа тргнавме уште веднаш на почетокот кон реформи во правосудството, рече Мицкоски.

Премиерот вели, вчера изминал рокот за да се дадат предлози како овие реформи треба да бидат спроведени, но Владата не добила ниту еден предлог.

-И затоа уште на почетокот дадовме рок дека до крајот на септември чекаме предлози од оние коишто излегоа со критика. Еве, јакористам оваа прилика да ѝ соопштам на македонската јавност дека вчера измина тој рок, 30 септември. Можам да ви кажам дека ниту еден предлог, официјален, не пристигна до нас. Сите оние коишто критикуваа, коишто велеа дека ние сакаме правиме „чистка“ во правосудството и повторна партизација, само овој пат, да ги смениме улогите. Наместо СДСМ и ДУИ да бидат ВРЕДИ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ги нема… ги нема… Еве 30. септември помина. Ниту еден предлог, ниту една понуда не пристигна.

Но, одговарајќи на новинарско прашање рече дека Владата имала јасен план како реформите да се спроведат. 

-Имаме методологија, имаме план, имаме јасен план како треба да се тера, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по говорот за 100 влада.

Најави дека Владата ќе ангажира експерти кои би требало да помогнат планот да биде реализиран.

-Во план се консултираме и експерти кои што во периодот кој што следи ќе ги ангажираме и веќе мораме да излеземе со Акциски план како тоа да го направиме, рече Мицкоски.

01.10.2024 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега