Мицкоски: Нема ниту еден скандал или сомневање за нашите градоначалници, таква ќе биде и идната влада

 

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ од Кавадарци денес, одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од работата на градоначалниците, се пофали дека вмровските градоначалници немаат скандали или сомневања за корупција. Како пример го посочи градоначалникот Митко Јанчев.

 

„Морам да признам дека сум исклучително задоволен, еден нов пристап, една генерација на политичари кои што работат храбро, мотивирано, чесно. Тоа е многу важно. Повеќе од година и половина помина гледате нема ниту едно сомневање за каков било коруптивен скандал иако станува збор за мнозинството општини или ако гледаме по број на жители во тие општини тоа е повеќе од 80% од вкупниот број жители во Македонија. Тоа се генерално најголемите општини. Нема ниту еден скандал или основано сомневање за корупција, што самото по себе кажува дека на овој начин храбро посветено чесно одговорно ќе работи ВМРО-ДПМНЕ како идна влада во Македонија. Можам да кажам дека пример во овој дел од нашата држава за таков тип на работење е градоначалникот Митко Јанчев овдека во Кавадарци“, рече Мицкоски.

Мицкоски и Јанчев денес во Кавадарци направија увид во градежните работи за пробивање на улицата Лазо Асијата за која кавадарчани чекале 30 години.

23.05.2023 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега