Мицкоски на средба со високи американски претставници во Вашингтон, потврдена поддршката од САД
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски остварил повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон, соопшти владината прес-служба.
Во текот на вчерашниот ден Мицкоски заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието Африм Гаши имале средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама.
На средбата од двете страни биле потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.
-Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња, истакнал Мицкоски.
Воедно било посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените била изразена силна поддршка, како силен пријател и сојузник на САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа