Мицкоски: Ќе побараме јавна расправа за измените во законите за ДДВ, персоналниот данок на доход и данокот на солидарност

 

„Овие закони во парламентот дојдоа со повторна злоупотреба на европското знаме, можностите се ограничени, односно се лимитирани. А тоа значи дека дебатата би била на Комисијата за европски прашања лимитирана во рамките на три дена. Оваа злоупотреба веќе претставува и станува пракса на оваа влада, што е многу погрешно и спротивно на тоа знаме и на тие вредности кои ги злоупотебувале.

Денеска разговаравме и со претседателот на Стопанската комора во детали за сите овие три закони, данок на ДДВ, проширувањето на опфатот во самиот предлог закон за измена на законот за ДДВ, персоналниот данок и условно кажано данок за солидарност“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во рамките на дискусијата што ја водевме предложивме, во понеделник на 24 јули е на дневен ред закажана Комисијата за европски прашања ќе побараме јавна расправа, бидејќи е добро јавноста да биде запознаена со аргументите од сите страни кои овие закони ги опфаќаат.

Очекуваме дека од страна на мнозинството во парламентот ќе биде прифатена оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, да во рамките на следната недела имаме јавна расправа на која ќе можат стопанските комори, но и сите оние кои се погодени од носењето на овие закони, да дојдат и да го кажат својот став, своето мислење“, додаде Мицкоски.

Лидерот на опозицијата кажа дека не биле оптимисти, но сепак се надевале на согласност од мнозинството.

„Не сме оптимисти, но се надеваме, дека ќе наиде на согласност од страна на мнозинството и тоа што ќе биде изнесено како теза на таа јавна расправа доколку се случи, тогаш министерството за финансии и владата ќе го земат предвид и ќе биде дел од нивните политики.

Во спротивно чувството на бизнисот но и нашиот став е дека компаниите кои се дисциплинирани и кои и досега ги плаќаат своите обврски и го полнат буџетот дополнително се оптоваруваат на сметка на оние компании кои не се дисциплинирани и се дел од сивата економија и не ги плаќаат своите обврски во буџетот“, додаде Мицкоски.

 

20.07.2023 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега