Мериен Вилијамсон ја објави својата кандидатура за американски претседател, прв конкурент на Бајден од неговата партија
Во 2020 година, Вилијамсон учествуваше на таканаречените прелиминарни избори на партијата, каде што се избира кандидатот на партијата за претседател на САД. Тогаш победник беше Бајден, кој сè уште официјално не објавил дека ќе бара реизбор, но тоа се очекува.
Кампањата на Вилијамсон започна во саботата на настан во Вашингтон, а на Фејсбук, без да го спомене поранешниот американски претседател Доналд Трамп, таа посочи дека неговата неконвенционална победа на претседателските избори во 2016 година докажа дека е „чудно“ што (сега) секој може да помисли дека знаат кој може да победи“ на тие избори.
„Не навлегувам повторно во сето ова само за да го додадам мојот глас во дискусијата. Влегувам во трката за претседател со цел да придонесам да се стави крај на ова ненормално поглавје од нашата историја и да се тргне во нов почеток“, напиша таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа