Меџити: Со оглед на ситуацијата во нашето здравство, ни треба унапредување на системот

 

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, во период од 21 до 22 мај присуствува во Женева како учесник на 76. Светска здравствена асамблеја.

Тема на годинешното светско здравствено собрание, каде присуствуваат делегати од земјите членки на СЗО е ,,Спасуваме животи–обезбедуваме здравје за сите“, во рамки на која присутните ќе дискутираат на теми со фокус на зајакнување на системите за подготвеност и отпорност на итни здравствени случаи; превенција и имплементација на меѓународни здравствени регулативи; унапредување на одговорот на здравствената криза во Украина и пошироко; важноста на менталното здравје и антистигматизација.

-Имајќи ја предвид ситуацијата со здравствениот систем во нашата држава, како и случувањата на светско ниво, кои внесоа турбуленции дури и во најразвиените здравствени системи, евидентна е потребата за континуирана работа, развој и унапредување на здравствен систем, како целина. Активното учество во настани како Светската здравствена асамблеја е чекор за отворање на вратата и поттик за посветена работа во насока на размена и имплементација на позитивни практики и вистинскиот начин за унапредување на македонскиот здравствен систем, сѐ со цел – овозможување висококвалитетна здравствена услуга на граѓаните на Република Северна Македонија, изјави министерот Меџити.

Нашата држава е активен и постојан член во Светската здравствена организација повеќе од 20 години, а во овој период се реализирани многубројни проекти и иницијативи во насока на поддршка и едукација на граѓаните за превенција и здравствена заштита.

21.05.2023 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега