Масовна евакуација на странци од Судан, над 400 загинати
Од безбедносни причини, Швајцарија одлучи да ја затвори својата амбасада во Картум, главниот град на Судан, каде од 15 април трае вооружениот конфликт.
„Ја затвораме нашата амбасада во Картум од безбедносни причини. Персоналот на амбасадата и нивните семејства се евакуирани и се безбедни. Ова беше овозможено благодарение на соработката со нашите партнери, особено Франција. Ви благодариме за нивната поддршка“, се вели во објавата на Твитер профилот на швајцарското Министерство за надворешни работи.
Италија ги евакуираше своите граѓани од Судан
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека евакуираните италијански државјани кои сакале да го напуштат Судан биле погодени од конфликтот.
„По еден ден нетрпеливо чекање, сите наши граѓани кои сакаа да го напуштат Судан беа евакуирани. Меѓу нив има и странци“, се вели во соопштението на Мелони.
Мелони изрази благодарност до сите надлежни министри и државни институции кои работеле на реализација на евакуацијата.
„Во оваа прилика сакам да го повторам повикот за прекин на конфликтот за да може да започнат преговорите за формирање цивилна влада. На Судан му треба мир.“
Според италијанските медиуми, од Картум, главниот град на Судан, во Џибути се евакуирани вкупно 150 лица, од кои 107 се Италијанци, а со авиони на италијанското воено воздухопловство ќе бидат пренесени во Италија.
Според Светската здравствена организација, Судан изминатава недела го потресуваат крвави борби во кои досега загинаа повеќе од 400 луѓе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа