Маскирани кучиња во Градскиот парк и годинава по повод Денот на шегата

 

Тимот на „Лајка“ одлучи и годинава да го продолжи Денот на шегата на 2 април со маскенбал.

Настанот ќе се одржи од 12 часот во Градскиот парк на Школка, а посетителите ќе имаат можност да го донесат својот миленик  маскиран, со што би станал потенцијален добитник на вредна награда во една од трите категории: најдобра маска, најдобра маска на сопственик и куче и најсмешна маска.

„Ќе имате можност да се дружите со кучињата што моментно престојуваат во прифатилиштето и можеби во некое од нив ќе го најдете својот најверен пријател, а вие ќе бидете негов херој што ќе му го даде она што му е најпотребно – дом“, велат од „Лајка“.

На настанот ќе учествуваат DJ Torta & DJ Tina.

23.03.2023 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа