Манчестер Сити на чекор до финалето од Лигата на Шампиони

 

Англсискиот Манчестер Сити денес со пресврт стигна до победа во првиот полуфинален натпревар против ПСЖ каде францускиот тим беше домаќин на првиот меч

ПСЖ добро го започна имаше и предност во првиот дел. До водство домаќините стигнаа преку Маркињос кој со глава го „матираше“ Едерсон во 15. минута.

До изедначување „граѓаните“ стигнаа после нешто повеќе од еден час игра, а најголем виновник беше голманот Кејлор Навас.

Кевин Де Брујн испрати топка како центар шут во шеснаесетникот, но Навас направи лоша проценка и топката од Белгиецот заврши во мрежата.

Само седум минути подоцна Манчестер Сити дојде до целосен пресврт. Конечните 1:2 ги постави Ријад Марез со гол од слободен удар.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2021 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега