Малата Срна за која се обедини цела Македонија си оди од болница, мајката им се заблагодари на сите: „Благодарение на сите вас денес си ја носиме дома“

 

 

Тригодишната Срна за чие лекување граѓаните собираа средство ја напушта приватната болница во Скопје.

Веста ја објави нејзината мајка, Васка Цветаноска-Панова, која покрај фотографиите, му се заблодари на д-р Ристо Симеонов која ја оперирал и се грижел за Срна. Благодарност упати и до целиот медицински персонал кој дал сè од себе за малото девојче да се чувствува пријатно.

Не ги заборави ни граѓаните на Македонија, кои се сплотија и за неполн ден собраа скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна.

-Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој..., вели таа.

15.03.2024 - 19:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега