Макрон: Војната во Украина ја загрозува Европа
Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека безбедноста и интересите на Франција и Европа се загрозени од војната во Украина и дека ситуацијата е загрижувачка.
Неколку часа по долгата средба со лидерите на партиите и парламентарните групи во францускиот парламент, Макрон синоќа помина повеќе од еден час на социјалните мрежи одговарајќи на прашања за војната во Украина и руската закана за Европа, како и за европската безбедност.
Макрон оцени дека Украина „не може воено да ги врати териториите окупирани од Кремљ“ и повика на траен мир кој на Украина ќе и обезбеди стабилност и безбедносни гаранции, како и мир во кој ќе учествуваат Украинците, јави денеска телевизијата БФМ.
Францускиот претседател потсети дека војната трае веќе три години, оценувајќи дека тоа е „пораз за Русија“ и дека „Украина пружила неверојатен отпор“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа