Макрон ги разбесни Французите: Зборуваше за оние кои примаат социјална помош, па покажа часовник од 80.000 евра

 

Францускиот претседател Емануел Макрон го предизвика гневот на француската јавност откако неговото интервју за француската телевизија каде ја бранеше својата визија за пензиските реформи предизвика бран на насилство на улиците низ Франција што донесе милиони Французи на улиците.

За време на интервјуто, во француската јавност падна еден детал кој веднаш беше објавен на социјалните мрежи, а тоа е моментот кој некои го нарекоа бизарен, каде Макрон, зборувајќи за оние кои примаат социјална помош и ја злоупотребуваат, сосема несвесно ја подигна својота рака и го покажа часовникот за кој некои тврдат дека чини 80.000 евра.

На видеото може да се види дека Макрон ненадејно ја спупта раката под маса среде полемиката, а се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата, а потоа ја продолжува расправијата, само овој пат без часовникот на раката.

Оваа постапка на Макрон предизвика гнев  кај Французите, со оглед на тоа што тој за тоа зборува како жртва за францускиот народ и носи часовник од 80.000 евра.

Сè се случуваше додека демонстрантите го палеа градското собрание во Бордо во четвртокот вечерта, а полицијата фрлаше солзавец на улиците низ Франција.

24.03.2023 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега