Македонската кик бокс репрезентација која учествуваше на Европското во Истанбул на прием во Агенција за млади и спорт

Македонската кик бокс репрезентациіа учествуваше на Европското првенство за кадети и jуниори во Истанбул, Турциjа со шест кикбоксери.

На овој кикбокс натпревар учествуваа 1640 натпреварувачи од 38 европски држави каде нашата македонска репрезентација освои 3 медали.

„Агенциjата за млади и спорт како и секогаш стои зад нас спортистите ни дава подdршка и ветер во грб. За вoзврат ние секогаш ја оправдуваме дадената доверба и поддршка. Така и сега од ова првенство се вративме со освоени три медали, две сребрени од Марија Димовска и Силвио Мировски и еден бронзен медал од Туркер Исмаил, изјави претседателот на КМФМ, Дејан Митровски Урко.

21.09.2023 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа