Македонија врие уште рано наутро - Температури над 30°C измерени во 8 часот

 


Македонија се соочува со исклучително високи температури уште од раните утрински часови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според денешните мерења во 08:00 часот во неколку градови низ земјава температурата на воздухот веќе ги надмина 30 степени.

Највисока утринска температура е измерена во Гевгелија, каде живата во термометарот се искачила на 30.8°C уште во 08:00 часот. Потоа следат Кавадарци со 29.2°C, Велес со 28.9°C и Скопје-Петровец со 28.5°C.

Поради продолжениот топлотен бран кој ја зафати земјава, УХМР веќе го вклучи црвениот метео аларм, а Владата донесе одлука за ослободување од работни обврски на бремени жени и лица постари од 60 години до 26.07.2025 година.

24.07.2025 - 11:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега