Македонија по трет пат ќе побара помош од ЕУ механизмот за цивилна заштита за гаснење на пожарите

 

Македонија по третпат ќе бара помош од ЕУ механизмот за цивилна заштита за справување со пожарите кои два месеци беснеат ширум државата.

Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи бара четири ер-трактори со санки за слетување и полнење на езера и три хеликоптери.

Ова е трет пат за 30 дена како Македонија бара помош од ЕУ механизмот за цивилна заштита. Главниот штаб оценува дека моменталната состојба со пожарите и тежината и времетраењето на претходните пожари кои повеќе денови горат и натаму е опасна и затоа се бара зголемување на расположивите ресурси, воздухоплови.

 

16.08.2024 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа