Maкедонци и Грци здружно му помогнале на српско семејство кога автомобилот им се запалил на автопат
Семејство од Србија доживеало неволја на автопатот додека се враќало дома од одмор во Грција, кога нивниот автомобил се запалил.
Приказната за солидарноста и помошта при несреќната околност, семејството ја сподели на социјалните мрежи.
Имено, Македонци и Грци се нашле на местото на настанот и им помогнале да го изгаснат опожареното возило.
Семејството јавно изрази благодарност до овие храбри луѓе.
„Почит за нашите пријатели на автопатот, Македонци и Грци се здружија да ни го изгаснат автомобилот што се запали на враќање од море“, пишува семејството.
01.08.2023 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа