Лукашенко пристигна во Пекинг: Ниту едно прашање не може да се реши без Кина

 

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко пристигна во официјална посета на Кина, при што ќе разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Авионот со белорускиот претседател слета на аеродромот во Пекинг, јавува белоруската агенција БелТА.

Како што беше претходно најавено, Лукашенко и Си прво ќе одржат тет-а-тет средба, а потоа ќе учествуваат во разговорите меѓу двете делегации.

Во фокусот на разговорот ќе бидат трговијата, економијата, инвестициите и хуманитарната соработка, реализацијата на заеднички проекти, како и ситуацијата во Украина.

Инаку, Кина неодамна претстави мировен план за Украина.

Пред да пристигне во Пекинг, Лукашенко во интервју за кинеските медиуми изјави дека ниту едно прашање во светот не може да се реши без Кина.

Се очекува да бидат потпишани голем број документи за билатерална соработка.

28.02.2023 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега