Лукашенко потпиша закон за смртна казна за функционери осудени за велепредавство

 

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потпиша закон со кој се дозволува смртна казна за државните службеници за кривично дело велепредавство, јави државната новинска агенција Белта.

Како што се наведува, овој закон е донесен како дел од измените на кривичниот законик со цел зајакнување на борбата против злосторствата на екстремистите, тероризмот и антидржавната ориентација.

Законот ја проширува кривичната одговорност за велепредавство извршено од службено лице на сите лица кои вршат државни должности.

Воведени се казни за голем број кривични дела против државата.

Воведена е кривична одговорност за терористичка пропаганда, дискредитација на вооружените сили, други трупи и воени единици, милитаризирани организации, како и за откривање државни тајни.

Истовремено, законот ја укинува кривичната одговорност за лицата кои планирале напад врз институции кои уживаат меѓународна заштита или чин на саботажа, доколку се откажат од таа намера и помогнат во спречување на споменатите кривични дела,пренесе Блиц.рс.

 
09.03.2023 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега