Лукаревска: Семејството на МојДДВ брои близу 540 илјади корисници

 


Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за агенцијата Марили истакна дека интересот и бројот на корисници за МојДДВ, постојано расте, а со тоа расте и сумата за исплата на средства.

Во моментов, семејството на МојДДВ брои близу 540 илјади корисници. И таа бројка постојано се зголемува, а со тоа како поттик за сите корисници го зголемуваме и лимитот за поврат, истакна Лукаревска.

Согласно последните измени на Законското решение, нагласи Лукаревска, граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник или за цела година 8.400 денри по корисник.

Тоа се средства преку кои директно позитивно влијаеме врз семејните буџети на корисниците на апликацијата МојДДВ, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

05.07.2023 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега