Лога за Дескоска: Може да дава изјави само како професорка, како министер е лош пример
Откога поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, изјави дека Уставниот суд треба да го поништи новото упатство и да го укине спорниот дел од Законот за матичната евиденција за нова националност, министерот за правда, Кренар Лога, од новинарите беше запрашан како неговата претходничка ја оспорила содржината на упатството кога можела да го донесе истото упатство ако сметала дека е во ред.
„Дескоска може да дава изјави како професорка, како министер е лош пример бидејќи таа сама се назначуваше преку Владата како член на Венециската комисија иако во тој момент беше и потпретседател на партијата. Професорката по уставно право тоа не го дозволувала, не прифаќала“.
Додава дека таа немала храброст во одредени ситуации.
„Немаше храброст за уставните измени, за преспанскиот договор, да поминат преку оваа институција, туку првпат и со преседан бидејќи таа се повикува на добри пракси и стандарди во Европа и светот првпат во историјата на оваа држава, верувам и во другите држави, сите тие уставни измени да одат преку МНР, што за мене лично е голем срам“.
Со упатството се воведува нова графа националност во изводот од Матичната книга на родените, венчаните и умрените, што според експертите задира во сензитивните заштитени податоци. Уставните судии ќе треба да пресечат дали одредбите од упатството го кршат Уставот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа