Лога „удри“ потпис: Жените во затворите ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи, информираат од Министерството за правда во писмен допис до медиумите.

Ова практично значи дека со измените, жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите.

„Предвидено е доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“. Со измените на Правилникот повеќе нема да има  дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

 

25.05.2023 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега