„Лимак“ ја започнува иницијативата Global Engineer Girls за поддршка на студентките на инженерските факултети

 

Групацијата Лимакзапочнува да ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Северна Македонија, заедно со стратешките партнери - Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Основна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.

За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишалеи студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава (https://northmacedonia.globalengineergirls.com/about). Дополнително, GEGќе обезбедува и програми за менторство и развој на вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени - инженери. Процесот на аплицирање ќе започне на 19 декември 2022 и ќе трае до 8 јануари 2023 година.

Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМобласта во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика се проценува дека Северна Македонија годишно губи 16% од БДП како резултат на родовиот јаз. Целта на GEGе да ја унапреди свесноста за родовота еднаквост во општеството и да ги охрабри компаниите да го променат нивниот однос кон родовиот јаз во нивните организациски структури.

„Со голема гордост можам да го најавам почетокот на GEGNorthMacedonia. За Групацијата Лимак е од големо значење да придонесе во земјата во која сме добредојдени. Драго ни е што ќе имаме можност да им помогнеме на многу млади жени да ги развијат своите таленти и целосно да го искористат својот потенцијал во СТЕМ областа. Се надевам дека GEG ќе обезбеди придонес за понатамошен одржлив развој на економијата и општеството во Северна Македонија“, изјави Ебру Оздемир, претседателка на Групацијата Лимак и основачка наGlobalEngineerGirlsи додаде: „Искуството во Турција ни покажа дека оваа програма придонесува за професионалниот и личен развој на младите кандидатки во областа на инженерството. Сега е време ова искуство да се сподели со младите во Северна Македонија“.

„Една од стратешките определби во работата на Програмата за развој на Обединетите нации е партнерството со приватниот сектор. Особено сме горди на регионалното партнерство со Групацијата Лимак кое се реализира во правец на поактивно вклучување на студентките во СТЕМ областите и нивна поддршка во текот на образовниот процес. Оваа иницијатива е од особено значење за јакнењето на родовата еднаквност, како едно од начелата на целите на одржливиот развој и економското зајакнување на жената на пазарот на трудот“, велат од канцеларијата на УНДПво земјава.

За исполнување на овие цели GEG North Macedonia развива партнерства со меѓународни организации, со државни и образовни институции и организации од граѓанскиот сектор.

Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се реализира во 2015 година во Турција. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак и личните заложби на претседателката на групацијата, Ебру Оздемир, за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областа.

09.12.2022 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега