Летал со 157 км/ч на пат на место каде е дозволено 80 км/ч, гостиварчанец заработи кривична пријава

 


Вчера во 15.50 часот на патот Гостивар- Тетово полициски службеници  од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(52) од с.Топлица, гостиварско.

При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека Б.Ш. управувал патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистерски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

30.06.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега