„Ленинова“ со нов лик и повеќе зеленило, ќе биде готова до средината на јули

Градежните активности на улицата „Ленинова“ се одвиваат со интензивна динамика. Во моментов, се уредува горниот строј на улицата и тротоарите. Веќе е поставена атмосферската, водоводната и фекалната канализација, кабловската мрежа е спуштена под земја и се отстрануваат старите дрвени бандери и се ослободуваат тротоарите, соопшти Општина Центар.

„Се поставуваат бехатон плочки на пешачките патеките, финишира изведбата на велосипедските патеки, се оформува урбаното зеленило и се работи на изведба на резидентните паркинзи. Досега готови се 70%, а краен рок за завршување на реконструкцијата на улицата е средина на јули.

По реконструкцијата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, нови тротоари, резидентен паркинг по цела должина на улицата, нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување“, велат од Општина Центар.

25.05.2023 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега