Лавров остар на самитот на ОБСЕ: Косово беше украдено од Србија, а НАТО изврши брутална агресија врз Југославија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е пред колапс и дека Западот ги убива шансите за заживување на таа организација.
Ова го изјави на самитот на ОБСЕ што се одржува во Северна Македонија, пренесува Ројтерс. Лавров додаде дека перспективите на организацијата се нејасни и потсети дека организацијата била уништена во 1999 година, пренесува Спутник.
„Крајот на биполарната конфронтација се чини дека го направи бесмислено постоењето на атлантската Алијанса. Земјите од НАТО и ЕУ ја уништија воено-политичката димензија на ОБСЕ. Во 1999 година, НАТО изврши нескриена, брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ и ОН. И во 2008 година, кршејќи ја резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ОН и принципот на неповредливост на границите во Европа од Хелсиншкиот завршен акт, на Србија и беше одземено Косово без никаков референдум“, посочи Лавров.
Тој потсети дека за нешто повеќе од една година, ќе се навршат 50 години на Хелсиншкиот завршен акт.
„Во тој поглед, со жалење можеме да кажеме дека ОБСЕ ја дочекува оваа годишнина во жална состојба, а нејзините перспективи се нејасни“, рече рускиот министер.
Тој се осврна и на санкциите кои Западот и ги воведе на Русија во неверојатна количина.
„Во обид да ја урнат руската економија, САД и нивните европски сателити воведоа илјадници санкции кон Русија, ставајќи крај на широката практична соработка меѓу Истокот и Западот во нашиот некогаш заеднички регион“, рече тој.
Тој додаде дека се добива впечаток дека ЕУ ги напуштила првичните цели на нејзините креатори за подобрување на благосостојбата на земјите-членки и се претворила, главно преку напорите на бриселската бирократија, во агресивен геополитички проект.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа