Лавров го предупреди Западот: Не играјте си со оган

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека разговорите за тоа да ѝ се дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од Запад за напади длабоко во Русија се игра со оган што може да има опасни последици.

„Тие зборуваат за овластување на вооружените сили на Украина да користат западни ракети со долг дострел за да напаѓаат длабоко во руска територија. Ова играње со оган може да доведе до опасни последици“, предупреди Лавров во интервју за „Њузвик“.

Лавров потсети на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој истакна дека Москва ќе донесе соодветни одлуки врз основа на заканите од Западот, пренесува ТАСС.

„Како што рече претседателот Путин, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на нашето разбирање за заканите од Западот. Ваше е да донесете заклучоци“, нагласи Лавров.

Како што изјави Путин претходно, земјите од НАТО сега разговараат не само за можноста Киев да користи западно оружје со долг дострел – тие всушност одлучуваат дали директно да се вклучат во ситуацијата во Украина.

„Во исто време, ваквото директно учество на Западот ќе ја промени суштината на конфликтот, Русија ќе биде принудена да носи одлуки врз основа на заканите што се создаваат на овој начин“, рече рускиот претседател.

07.10.2024 - 17:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега