Кузеска за бојкотот: Секоја партија одговара за постапките пред себе и граѓаните, СДСМ повика на масовност
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на првата прес-конференција по затворањето на гласачките кутии изборниот ден го оцени како успешен, мирен и достоинствен, како што ѝ доликува на земја-членка на НАТО и земја со започнати преговори со ЕУ.
Одговарајќи на новинарско прашање за бојкотот во општините со доминантно албанско население рече дека секоја партија за своите постапки во изборите треба да одговори пред себе и пред граѓаните.
„Секоја партија како настапи на овие избори треба да одговори кон себе и граѓаните. СДСМ и коалицијата повикуваа на масовност, граѓаните да го искористат правото на глас и на парламентарните и на претседателските избори. СДСМ никогаш не бил кочничар“, рече Кузеска во одговорот.
Меѓу другото, портпаролката на СДСМ ја соопшти оцената за изборниот ден и нагласи дека бил успешен, мирен и достоинствен, како што ѝ доликува на земја членка на НАТО и земја со започнати преговори со ЕУ.
„Изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја-членка на НАТО со почнати преговори со ЕУ. Констатирани се одредени неправилности но сметаме дека тие неправилности се незначителни во овој изборен процес. Граѓаните можеа слободно да одлучат за иднината на земјата. Правото на глас и слободното одлучување се најзначајни придобивки на демократијата. Граѓаните покажаа демократски капацитет, а институциите зрелост. Граѓанскта волја ќе одлучи по кој колосек ќе продолжи државата понатаму“, изјави Кузеска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа