Кумановци поднеле околу сто барања за надоместок на штета предизвикана од обилните врнежи

Кумановци поднеле 96 барања за претрпена штета од обилните врнежи од дожд и невреме кои го зафатија регионот во последната недела од јуни, информираа денеска од општината. Најмногу барања се поднесени за штети предизвикани на земјоделско земјиште со насади, недвижен и движен имот.

- Граѓани од повеќе локации од градското подрачје поднеле барања за надоместок на штети до Комисијата. И жители од руралните средини поднеле барање за надоместок на штета претежно за насади од Косматац, Шупљи Камен, Зубовце, Биљановце, Четирце, Љубодраг, Романовце, Довезенце, Ново село, Умин Дол, Режановце, Орашац, Речица, Добрашане, Горно Којнаре, Черкези, велат од општината.

Последната недела од јуни, Куманово беше зафатено со силен дожд, проследен со силни електрични празнења и грмежи. Граѓаните реагираа за поплавени подруми, приземни делови од објекти, куќи, дуќани. 

05.07.2024 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега