Културниот центар „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар

 

Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола.

„По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението Културен центар ‘Иван Михајлов’ Битола е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие информации Уставниот суд воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа исполнети се условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата“, соопшти Уставниот суд.

 

Подносителот, политичката партија „Левица“ бараше поништување на актите со наводи дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

14.06.2023 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега