Кривична пријава против две лица од скопско Блаце
Регионалниот центар за гранични работи Север – Одделение за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Скопје поднесе кривична пријава против З.Р.(38) и Б.Н.(26), двајцата од с.Блаце, скопско.
Имено, за лицата пости основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, информираа од МВР.
На 10.02.2025 на илегален премин од Косово во нашата земја, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале пријавените, при што во возилото пронашле и одзеле разновидни пратки, кои биле нарачани преку интернет и за кои не поседувале никаква документација и за кои сакале да избегнат царинска и гранична контрола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа