Кремљ: Новите испораки на американско оружје за Киев ќе го интензивираат конфликтот
Кремљ денеска оцени дека новите испораки на американско оружје за Украина само ќе го „интензивираат“ конфликтот со Русија.
– Сето ова секако води кон ескалација на конфликтот и не е добро за Украина, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој рече и дека не очекува Зеленски по посетата на САД да го смени ставот во врска со можните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски потврди дека е на пат за САД.
– На пат кон САД да ја зајакнеме отпорноста и одбранбените капацитети на Украина, напиша Зеленски на Твитер.
Тој најави дека со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за соработката меѓу Украина и САД. Тој изјави и дека ќе се обрати пред американскиот Конгрес.
Белата куќа претходно соопшти дека Зеленски ќе се сретне со Бајден, како и дека американскиот претседател ќе објави „значајна“ нова помош за Украина.
Според претходната изјава на висок американски функционер, во таа помош треба да биде вклучен и ракетниот одбранбен систем Патриот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа