Кремљ: Многу земји сакаат да се приклучат на БРИКС, ние сакаме да се приклучи и Турција
Русија ја поздравува изразената желба на Турција да стане дел од групата БРИКС, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најавувајќи дека ова прашање ќе биде тема на следниот состанок од тој формат.
Песков рече дека има посилен интерес од многу земји за БРИКС, група составена од Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Етиопија, Иран, Египет и Обединетите Арапски Емирати.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во понеделникот ја започна посетата на Пекинг, што е највисока посета на турски функционер на Кина од 2012 година. Фидан разговараше со неговиот кинески колега Ванг Ји.
Запрашан за време на панелот дали Турција сака да се приклучи на БРИКС, Фидан во понеделникот одговори „да се разбира, зошто да не?“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа