Крај на една ера: Меси официјално потврди дека си оди од Барса

 

Официјално најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси ја напушта Барселона по 19 години поминати во клубот.

Меси за каталонски Спорт откри дека нема дилеми оти си оди од Камп Ноу.

-Одлуката ја донесов со сопругата Антонела. Душата ме боли, но тоа е тоа. Циклусот е готов, изјави Меси.

Тој ќе ја активира излезната опција од договорот со Барса и без известување ќе одбере нов клуб. Се претпоставува дека тоа ќе биде Манчестер сити, каде тренер е Пеп Гвардиола.

Ерата е завршена, најблескавата во историјата на каталонскиот гигант. Меси си оди со импозантна статистика од 647 голови на 731 натпревар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2020 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега