Ковачевски се сретна со Гир: Скринингот се одвива според утврдениот календар

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари тет-а-тет средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

„Во фокусот на средбата беа евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, како и актуелните случувања и предизвици.

На средбата е потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите, кој, како што беше оценето, ќе се одрази позитивно врз квалитетот на животот на граѓаните, како и врз сите сфери на општеството. 

 
Во таа насока, потенцирано е дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот кој заеднички е утврден помеѓу Северна Македонија и Европската Унија. Евроамбасадорот Гир ја потврди силната поддршка за евроинтеграцискиот процес на државата“, информираат од Владата во писмено соопштение испратено до медиумите.
„Заеднички е констатирано дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на земјава во Европската Унија.
При тоа, премиерот Ковачевски на средбата истакна, дека продолжувањето кон европскиот пат е историска шанса која треба да се искористи сега.

На средбата со евроамбасадорот Гир, премиерот потенцираше дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел, за која имаме поддршка и од стратешките партнери“, се додава во соопштението на владината прес-служба.

25.05.2023 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега