Ковачевски: Комисиите за историски прашања со Бугарија и Грција се на паритетна основа и работат без политички влијанија

 

Комисиите за историски прашања со Бугарија и Грција се на паритетна основа, комплетно ги раководи научната фела и работат без какви било политички влијанија, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски напомена дека сите информации за работењето на комисиите може да се добијат директно кај нив и во Министерството за надворешни работи (МНР).

-Исторските комисии кои работат и со Грција и со Бугарија, а такви постојат и меѓу земји-членки на ЕУ (Полска и Германија), работат независно од политичко влијание и се комплетно раководени од научната фела, односно од историчарите. Тие се направени на паритетна основа. Во Комисијата со Бугарија учествуваат исклучиво исторчари, а во Комисијата со Грција има и дипломати. Сите информации за нивното работење може да се добијат во комисиите и во МНР, рече Ковачевски по потпишувањето на Договорот за подготовка на активности за изградба на откупни центри во Струмица и Ресен.

25.12.2023 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега