Костовски: Кога Арсовска зборува за право, е исто како Осама Бин Ладен да зборува за западни вредности
Кога Арсовска зборува за право, е исто како Осама Бин Ладен да зборува за западни вредности, таа бега од народот, а јас сум со бутелчани. Ваква е реакцијата на градоначалникот на Бутел, Дарко Котовски, по објавата на градоначалничката Арсовска за проблемот со изградбата на улицата во оваа општина.
„Данела повторно е надвор од реалноста, продолжува да пишува реакции и соопштенија од канцеларија ! Кога Арсовска зборува за право, тоа е исто како кога Осама Бин Ладен би зборел за западни вредности, или Хемингвеј би зборел за градежништво. Ете толку е својствено за Арсовска да збори за право. Што се однесува за самиот проект најлесно е да се пишуваат соопштенија од канцеларија, веројатно и така е поедноставно да се избега од народот. Но народот на тоа ќе те потсети тогаш кога ќе треба, на избори, до тогаш јас сум заедно со бутелчани да се бориме заедно за решение на секој еден проблем. Данела, згради во Бутел нема да има“, наведе Костовски во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа