Костадиновска-Стојчевска: Вреднувањето и моќта на културата се срцето на секоја заедница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска престојуваше во работна посета на НУ Центар за култура во Дебар каде што в.д. директорката Едона Алили ја запозна со состојбите и активностите на оваа единствена национална институција од областа на културата во градот.

Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека вреднувањето и моќта на културата, како срце на секоја заедница, во Дебар се должи токму на активното и успешно работење на Центарот за култура.

- Во рамки на годишната програма  Министерството за култура  континуирано поддржува проекти што се од интерес за граѓаните на Дебар, како: изложби, концерти, театарски претстави. Во контекст на заштитата на културното наследство, пак, во изминатиот период беше реализиран и проектот за конзерваторско-реставраторски интервенции на покривот и фасадите на тамбурот од куполата на црквата „Св. Георгиј Победоносец“ во село Рајчица, рече министерката.

Вршителката на должноста директорка Алили ја информираше министерката дека Центарот за култура е установа со мултифункционален карактер, која реализира активности од сите дејности од областа на културата. 

02.11.2023 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега