Костадинов призна: Морав да запалам цигара пред интервју, за првпат имам трема, ама не е позитивна
Градоначалникот на Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов утрово гостува во „Магазин“ на ТВ Сител. Во оваа опуштена емисија, Костадинов јавно призна дека за првпат имал трема, а таа не била позитивна. Се чувствувал како да одел на лекар, бидејќи како што кажа, ова му било првпат да гостува во емисија од опуштен карактер, но и да говори за приватниот живот.
Водителот пак во текот на разговорот откри дека Костанов пред емисија му кажал: „Морам да запалам една цигара пред емисија, се чувствувам како да одам на лекар“.
Повеќе околу приватниот живот на Костадинов, како се справува со многуте обврски и некои други интересни факти за животот на политичарите зад политиката, погледнете во видеото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа